Како може да работите со мене
Токму тоа што ви е потребно!

Курс за позитивна дисциплина
За сите родители што сакаат сеопфатно будење на својот потенцијал. Алатките од позитивна дисциплина ќе ви овозможат целосна трансформација на перцепцијата и практикувањето на вашата родителска улога. Започнете да учите и да уживате во секојдневието градејќи доживотни вештини за себе и за вашите деца.

Вебинари
Во ова динамично време многу значи да ја добиеш вистинската информација во вистинската форма во вистинското време. Со овој пакет од 3 лекции ќе ги добиете најважните и најкорисни информации за да можете посмирено, полесно и посамоуверено да родителувате. Меѓусебниот однос со детето е нашиот најголем капитал и извор на единствениот родителски авторитет. Сега и вие имате можност да си го олесните процесот на градење цврст однос со детето заснован на меѓусебно почитување и поддршка.

Индивидуални советувања
Нема две исти семејства, ниту две исти деца, макар и во исто семејство. Го користам своето богато професионално и лично искуство за да ви помогнам да примените стратегии што ќе функционираат за вас. Преку индивидуален пристап, разработуваме персонализирана програма со која ќе се чувствувате удобно и ефективно.



