top of page

Често поставувани прашања

Ние ги имаме одговорите

Видете дали ќе го најдете вашето прашање подолу. Ако не го најдете, слободно обратете ни се. Со задоволство ќе ви одговориме.

Family Fun in Field

ДАЛИ ИМА НЕКАКВИ ПРЕДУСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ВАШИТЕ КУРСЕВИ, РАБОТИЛНИЦИ, СОВЕТУВАЊА? 

НЕ. Не ви треба ништо за да се пријавите за учество во некој курс/работилица/советување освен добра волја, желба за промени и учење и отворен ум.

Dete.jpg

ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ ВАШИТЕ КУРСЕВИ/РАБОТИЛНИЦИ/СОВЕТУВАЊА?

Нашите обуки се наменети за сите кои сакаат да изградат подобар однос со децата и попријатна домашна атмосфера, да ја подобрат меѓусебната комуникација, да бидат посвесни родителите/старатели/негуватели за своите деца и да станат подобра верзија од себе во родителската улога.

21.jpg

ШТО ЌЕ ДОБИЕ ДЕТЕТО ОД ОВА?

Детето ќе добие родител што покажува грижа, љубов и цврстина, што дава поддршка и почит, што му влева чувство на припадност и важност, што го открива коренот на проблемот и бара решенија, дава емпатија наместо казни и награди. Со ваков родител детето ќе стекне целоживотни социоемоционални вештини, самопочит, самодоверба, самостојност, вештини за решавање проблеми и критичко мислење, психолошка отпорност.  

bottom of page