top of page

Позитивна дисциплина

За подобро запознавање со методот позитивна дисциплина, дојдете на некоја од нашите бесплатни работилници!

file.jpg

Што е позитивна дисциплина

Позитивна дисциплина е начин на воспитување заснован на позитивно поттикнување, разбирање, охрабрување и конструктивна комуникација меѓу родителите и децата. За разлика од традиционалното поимање на дисциплината, позитивната дисциплина не подразбира казнување. Позитивната дисциплина подразбира насочување, учење, подготвување, обучување, градење вештини и фокусирање на решенија. Начелата на позитивна дисциплина ви помагаат вам и на децата да се чувствувате поттикнати и охрабрени преку неказнувачки методи со кои се учат важни социоемоционлни и животни вештини. Ваквите методи се засноваат врз:

  • Меѓусебно достоинство и почитување

  • Пренесување на пораката за љубов

  • Создавање основа за нежно и цврсто родителување

  • Сфаќање на грешките како можности за учење и развој

  • Влегување во светот на детето – сфаќање дека ако детето се однесува несоодветно, тоа е знак дека детето е обесхрабрено; дека мора да ги откриеме и да се справиме со верувањата што го потхрануваат таквото однесување

  • Овозможување на детето да ги истражува последиците од сопственото однесување наместо наметнување последици

  • Семејни состаноци заради решавање проблеми и стекнување комуникациски вештини

file.jpg

Пет критериуми за позитивна дисциплина

  1. Дали е со почит (истовремено нежно и цврсто)?

  2. Дали им влева на децата чувство на припадност и важност?

  3. Дали има долгорочен ефект?

  4. Дали ги учи децата на важни социјални и животни вештини и им го гради карактерот?

  5. Дали им помага на децата да сфатат колку се способни и да ја користат својата моќ конструктивно?

bottom of page